МЗ: 6 новозаразени и 27 оздравени од Ковид-19, нема починати

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие се потврдени 6 нови случаи на Ковид-19, односно, регистрирани се 5 случаи во Скопје и 1 во Кичево.

Регистрирани се 27 оздравени пациенти, односно, од Скопје – 17, Тетово – 4, Охрид – 2 и по 1 од Прилеп, Гостивар и Кичево.

Од МЗ исто така информираа дека во последните 24 часа не се регистрирани починати пациенти.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.716, бројката на оздравени пациенти е 150.100, на починати е 5.486, а бројот на активни случаи изнесува 130“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 893.681 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 1.650 тестови.