МЗ: 536 новозаразени, 15 починати и 741 оздравен пациент од Ковид-19 во изминатото деноноќие

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека од Ковид-19 во изминатото деноноќие починале 15 лица, односно, шест пациенти од Скопје на 73, 40, 70, 84, 72 и 62 години, двајца од Куманово на 66 и 64 години, двајца од Тетово на 68 и 75 години, еден од Охрид на 64 години, двајца од Струмица на 69 години, еден од Кочани на 68 години и еден од Пехчево на 67 години. Сите пациенти се починати во болнички услови.

Од МЗ информираа дека во последните 24 часа се потврдени 536 нови случаи на Ковид-19, односно, регистрирани се 213 случаи во Скопје, 37 во Прилеп, 30 во Тетово, 29 во Битола, по 23 во Струга и Кавадарци, по 18 во Куманово и Охрид, 17 во Велес, по 13 во Дебар, Штип и Гостивар, 11 во Неготино, десет во Радовиш и девет случаи се регистрирани во Крива Паланка.

Потоа, осум нови случаи на Ковид-19 се регистрирани во Струмица, седум во Гевгелија, по шест во Кочани, Делчево и Свети Николе, по пет во Берово и Ресен, четири во Валандово, по три во Крушево и Македонски Брод, по два во Виница и Кичево и по еден случај е регистриран во Пробиштип и Пехчево.

Институтот за јавно здравје регистрирал 741 оздравен пациент, односно, од Скопје-248, Куманово-83, Дебар-7, Штип-28, Прилеп-50, Тетово-30, Струга-32, Велес-17, Битола-25, Охрид-30, Кавадарци-41, Гостивар-27, Гевгелија-12, Струмица-20, Радовиш-12, Крушево-1, Кочани-24, Пробиштип-1,Демир Хисар-2, Македонски Брод-3, Валандово-7, Виница-2, Кратово-3, Свети Николе-8, Кичево-17, Ресен-4 и од Неготино-7.

„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 83329, бројката на оздравени пациенти е 61447, на починати е 2503, а бројот на активни случаи изнесува 19379. Од вчера се регистрира еден контролен тест“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 400.825 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 1.662 тестови.