МЗ: 444 новозаразени, 21 починат и 894 оздравени од Ковид-19 во изминатото деноноќие

Министерството за здравство (МЗ) попладнево информираше дека од Ковид-19 починало 21 лице, односно, двајца пациенти од Скопје на 87 и 65 години, еден од Куманово на 75 години, 11 пациенти од Тетово на 72, 68, 57, 58, 66, 73, 77, 65, 74, 56 и 73 години, еден од Прилеп на 84 години, еден од Штип на 78 години, еден од Охрид на 69 години, двајца од Кавадарци на 64 и 59 години, еден од Кочани на 71 година и еден од Кичево на 63 години.

Од Министерството посочуваат дека од евидентираните починати лица, десет се со датум на смрт од претходните три недели кои денеска биле пријавени во Институтот за јавно здравје.

Истовремено, тие соопштуваат дека во последните 24 часа се потврдени 444 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 209 случаи во Скопје, 32 во Кавадарци, по 26 во Куманово, Велес и Охрид, 16 во Делчево, 13 во Тетово, 12 во Гостивар, 11 во Струга и десет во Кичево.

Потоа, по осум случаи на Ковид-19 се регистрирани во Штип, Битола и Струмица, шест во Демир Капија, по пет во Прилеп и Радовиш, по три во Гевгелија, Крива Паланка, Пробиштип, Виница и Кратово, по два во Македонски Брод и Богданци и по еден случај на Ковид-19 е регистриран во Свети Николе, Ресен, Демир Хисар и Пехчево.

Институтот за јавно здравје регистрирал 894 оздравени пациенти, односно, од Скопје-497, Куманово-21, Тетово-49, Прилеп-30, Гостивар-14, Штип-8, Битола-6, Велес-10, Охрид-18, Струмица-7, Кавадарци-47, Струга-5, Кочани-4, Кичево-11, Свети Николе-6, Гевгелија-3, Неготино-21, Дебар-20, Ресен-4, Крива Паланка-15, Радовиш-2, Берово-12, Делчево-39, Пробиштип-4, Виница-4, Македонски Брод-1, Богданци-3, Кратово-2, Крушево-3, Македонска Каменица-16, Демир Капија-8, Пехчево-3 и од Дојран-1.

„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 91161, бројката на оздравени пациенти е 79621, на починати е 2812, а бројот на активни случаи изнесува 8728“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 445.795 тестирања на Ковид-19, a во изминатото деноноќие се направени 2.518 тестови.