МЗ: 403 новозаразени и 10 починати од Ковид-19 во изминатото деноноќие

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие се регистрирани 403 нови случаи на Ковид-19, односно, регистрирани се 165 случаи во Скопје, 30 во Куманово, 25 во Велес, 22 во Кавадарци, 19 во Охрид, по 14 во Тетово и Кочани, 13 во Струмица и по 11 случаи во Струга, Гостивар и Неготино.

Потоа, по десет случаи на Ковид-19 се регистрирани во Прилеп и Битола, девет во Дебар, осум во Гевгелија, по четири во Штип, Крушево, Кичево и Ресен, по три во Радовиш и Берово, по два во Македонски Брод, Виница и Делчево и по еден случај на Ковид-19 е регистриран во Пробиштип, Демир Хисар и Свети Николе.

Од МЗ информираа дека од Ковид-19 починале десет лица, односно, двајца пациенти од Скопје на 54 и 90 години, еден од Куманово на 73 години, двајца од Прилеп на 59 и 56 години, еден од Охрид на 72 години, еден од Богданци на 76 години, еден од Струмица на 71 година, еден пациент од Македонска Каменица на 74 години и еден пациент од Кичево на 76 години.

Институтот за јавно здравје регистрирал 339 оздравени пациенти, односно од: Скопје-106, Куманово-22, Дебар-14, Штип-14, Прилеп-28, Тетово-10, Велес-13, Битола-15, Кавадарци-24, Гостивар-6, Гевгелија-8, Струмица-12, Крива Паланка-5, Радовиш-2, Кочани-12, Пробиштип-3, Демир Хисар-3, Македонски Брод-1, Пехчево-1, Берово-13, Валандово-1, Виница-6, Свети Николе-1, Кичево-4, Ресен-4 и од Неготино-11.

„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 88389, бројката на оздравени пациенти е 69476, на починати е 2682, а бројот на активни случаи изнесува 16231“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјата се направени вкупно 428.006 тестирања на Ковид -19, а во изминатото деноноќие се направени 2.118 тестови.