МЗ: 377 нови случаи и 12 починати од Ковид-19 во изминатите 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се регистрирани 377 нови случаи на Ковид-19, при направени 3.608 тестирања.

Новите случаи се забележани во: Скопје – 164, Кавадарци – 31, Прилеп – 30, Битола – 24, Охрид – 16, Велес – 15, Куманово – 11, Штип – 10, Кичево – 9, Тетово – 7, Струмица и Крива Паланка – по 6, Радовиш и Валандово – по 5, Гостивар, Гевгелија, Неготино, Делчево и Богданци – по 4, Свети Николе, Ресен и Кратово – по 3, Кочани, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 2, Струга, Пробиштип и Крушево – по 1.

Регистрирани сe 307 оздравени пациенти, а во текот на изминатите 24 часа регистрирани се и 12 починати лица: 5 починати лица од Скопје (63г, 82г, 85г, 85г и 87г) и по едно починато лице од Куманово (61г), Охрид (58г), Битола (67г), Штип (66г), Струмица (62г), Крива Паланка (78г) и Виница (69г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови, известуваат од министерството.

„Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, дополнително е пријавено едно починато лице со датум на смрт 06.12.2021. Регистрираното починато лице е од Скопје (1). Починатото лице е на возраст од 92 години. Лицето е починато во болнички услови“, посочуваат од министерството.

Со ова, вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 219.100, бројот на оздравени пациенти е 205.700, на починати е 7.723, а бројот на активни случаи изнесува 5.677.

Досега во земјата се направени вкупно 1.500.087 тестирања на Ковид-19.