МЗ: 35 починати и 387 новозаразени со Ковид-19 во изминатото деноноќие

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во последните 24 часа, од Ковид-19 починале 35 лица, односно, десет пациенти од Скопје на 46, 48, 68, 79, 76, 73, 76, 66, 71 и 66 години, тројца од Куманово на 67, 82 и 79 години, еден од Штип на 79 години, двајца од Прилеп на 68 и 69 години, еден од Тетово на 84 години, еден од Велес на 73 години, двајца од Битола на 88 и 77 години и еден пациент од Охрид на 82 години.

Потоа, од Ковид-19 починале и четири пациенти од Гостивар на 75, 73, 50 и 43 години, еден од Кавадарци на 73 години, еден од Дојран на 65 години, двајца од Струмица на 48 и 75 години, еден од Радовиш на 76 години, еден од Кочани на 67 години, двајца од Берово на 70 и 53 години и двајца пациенти од Кичево на 54 и 70 години.

Во изминатите 24 часа потврдени се 387 нови случаи на Ковид-19, односно, регистрирани се 174 случаи во Скопје, 56 во Гостивар, 26 во Тетово, 20 во Битола, 19 во Штип, 17 во Куманово, по 12 во Прилеп и Велес, по седум во Делчево и Свети Николе, шест во Струмица, по четири во Крива Паланка, Кочани и Неготино, по три во Кавадарци, Крушево и Кичево, по два во Пробиштип и Валандово и по еден случај е регистриран во Охрид, Гевгелија, Радовиш, Демир Хисар, Берово и Виница.

Институтот за јавно здравје регистрираl 528 оздравени пациенти, односно, од Скопје-210, Куманово-35, Дебар-8, Штип-25, Прилеп-53, Тетово-38, Велес-26, Битола-3, Кавадарци-14, Гостивар-18, Гевгелија-5,  Струмица-19, Крива Паланка-6, Радовиш-3, Крушево-2, Кочани-12, Пробиштип-4, Македонски Брод-2, Берово-4, Валандово-3, Делчево-8, Кратово-6, Свети Николе-18 и од Неготино-6.

„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 55127, бројката на оздравени пациенти е 32894, на починати е 1546, а бројот на активни случаи изнесува 20687. Од вчера се евидентираат три контрони теста“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 313.519 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 1.176 тестови.