МЗ: 35 починати, 135 новозаразени и 900 оздравени од Ковид-19

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 35 лица.

Починале 14 лица од Скопје (46г, 46г, 54г, 56г, 69г, 70г ,77г, 79г, 79г, 81г,87г, 87г, 87г, 89г), по 3 починати лица од Битола (72г, 74г и 84г) и Куманово (62г,64г и 68г), по 2 лица од Прилеп (61г и 62г), Струмица (70г и 76г), Штип (58г, 72г) и Виница (68г и 70г), по едно лице од Велес (67г), Охрид (83г), Струга (75г), Гостивар (71г), Кочани (77г), Кичево (70г) и Неготино (69г). Од починатите пациенти, 3 лица се починати во домашни услови, а останатите 32 лица во болнички услови.

Од МЗ исто така информираа дека во последните 24 часа се потврдени 135 нови случаи на Ковид-19, односно, регистриран е 81 случај во Скопје, 15 во Тетово, 13 во Куманово, 8 во Прилеп, 7 во Кавадарци, 3 во Македонски Брод, 2 во Штип и по 1 во Битола, Кочани, Кичево, Гевгелија, Неготино и Берово.

Регистрирани се 900 оздравени пациенти, односно, од Скопје – 363, Битола – 62, Куманово – 54, Прилеп – 51, Велес – 46, Охрид – 44, Кавадарци – 40, Струга – 32, Кочани и Гостивар – по 23, Струмица – 22, Тетово – 16, Штип – 14, Кичево и Гевгелија – по 12, Пробиштип – 11, Берово –9, Неготино, Свети Николе и Крива Паланка – по 7, Ресен, Радовиш и Богданци – по 6, Делчево – 5, Македонски Брод, Виница, Кратово и Македонска Каменица – по 4, Валандово – 3, Пехчево – 2 и 1 од Крушево.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 147.229, бројката на оздравени пациенти е 123.710, на починати е 4.478, а бројот на активни случаи изнесува 19.041“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 692.096 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие е направен 841 тест.