МЗ: 30 починати, 577 новозаразени и 1.010 оздравени од Ковид-19

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 30 лица. Од пријавените, 27 се починати во болнички, а 3 лица во домашни услови.

Починале 7 лица од Скопје (53г, 65г, 72г, 78г, 82г, 83г, и 85г), по 5 лица од Гостивар (23г, 37г, 66г, 70г и 71г) и Струмица (55г, 67г, 72г, 76г и 79г), по 3 лица од Тетово (60г, 71г и 90г) и Куманово (34г, 53г и 57г) и по едно лице од Битола (80г), Радовиш (64г), Велес (55г), Охрид (71г), Струга (41г), Крива Паланка (85г) и Берово (88г).

Во последните 24 часа се потврдени 577 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 265 случаи во Скопје, 54 во Куманово,Тетово – 26, Прилеп – 21, Струмица – 20, Кичево – 17, Гостивар и Велес – по 16, Кочани – 15, Штип – 14, Битола – 13, Берово- 12, Кавадарци – 11 и 9 случаи во Свети Николе – 9.

Потоа, регистрирани се 8 случаи во Охрид, Струга, Ресен и Пробиштип – по 7, Радовиш и Валандово – по 6, Делчево, Виница и Кратово – по 5, Пехчево – 3, Дебар и Демир Капија – по 2 и по 1 во Гевгелија, Неготино, Крива Паланка, Македонски Брод и Македонска Каменица.

Регистрирани сe 1.010 оздравени пациенти, однсосно, од Скопје – 443, Тетово – 112, Куманово и Гостивар – по 75, Струмица – 46, Кичево – 42, Кавадарци – 25, Прилеп и Битола – по 21, Штип – 20, Радовиш – 19, Свети Николе – 18, Ресен – 15, Дебар – 13, Велес и Кочани – по 12, Кратово – 8, Гевгелија, Неготино и Македонски Брод – по 5, Охрид, Виница и Богданци – по 4, Валандово и Крушево – по 2 и по 1 во Струга и Крива Паланка.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 182.450, бројката на оздравени пациенти е 163.070, на починати е 6.214, а бројот на активни случаи изнесува 13.166“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 1.211.959 тестирање на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 5.362 тестови.