МЗ: 25 починати и 865 новозаразени со Ковид-19 во изминатото деноноќие

Министерството за здравство (МЗ) попладнево информираше дека во последните 24 часа од Ковид-19 починале 25 лица, односно, десет пациенти од Скопје на 50, 66, 40, 80, 61, 79, 71, 83, 71 и 73 години, еден од Куманово на 81 година, двајца од Штип на 63 и 51 година, тројца од Прилеп на 85, 59 и 44 години, еден од Тетово на 73 години, двајца од Струга на 81 и 89 години, еден од Велес на 78 години и еден од Охрид на 83 години.

Потоа, од Ковид-19 починал еден пациент од Кавадарци на 69 години, еден од Гостивар на 66 години, еден од Струмица на 70 години и еден од Радовиш на 68 години. Сите пациенти се починати во болники услови.

Од МЗ соопштија дека во изминатото деноноќие се потврдени 865 нови случаи на Ковид-19, односно, регистрирани се 330 случаи во Скопје, 47 во Прилеп, по 42 во Тетово и Битола, 38 во Кавадарци, 36 во Охрид, 35 во Велес, 33 во Гевгелија, 29 во Гостивар, 28 во Куманово, 26 во Неготино, 25 во Струмица, 24 во Струга, 22 во Штип и 18 случаи се регистрирани во Кичево.

Потоа, 15 случаи на Ковид-19 се потврдени во Делчево, 14 во Радовиш, 13 во Кочани, 12 во Дебар, осум во Свети Николе, седум во Ресен, по четири во Пробиштип и Берово, по три во Крива Паланка и Валандово, по два во Пехчево, Кратово и по еден случај е регистриран во Крушево, Демир Хисар и Македонски Брод.

Институтот за јавно здравје регистрираl 641 оздравени пациенти, односно, од Скопје-248, Куманово-31, Дебар-8, Штип-26, Прилеп-35, Тетово-34, Велес-33, Битола-28, Охрид-1, Кавадарци-25, Гостивар-44, Гевгелија-13, Струмица-32, Крива Паланка-5, Радовиш-6, Крушево-1, Кочани-8, Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Валандово-2, Виница-15, Кратово-1, Свети Николе-14, Кичево-7, Ресен-6 и од Неготино-15.

Досега во земјава се направени вкупно 371.391 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 2.889 тестови.