МЗ: 24 оздравени и 20 новозаразени од Ковид-19 во изминатите 24 часа

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека Институтот за јавно здравје регистрирал 24 оздравени пациенти, односно, 11 во Скопје, десет во Куманово, два во Велес и еден оздравен пациент во Тетово.

Во изминатите 24 часа, од МЗ соопштуваат дека се потврдени 20 нови случаи на Ковид-19, односно, регистрирани се 12 случаи во Скопје, три во Прилеп, два во Тетово и по еден случај во Куманово, Битола и Гостивар.

„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1642, бројката на оздравени пациенти е 1136, на починати е 91, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 415. По завршување на епидемиолошката анкета, еден од вчера регистрираните случаи во Куманово е жител на Кратово“, стои во соопштението на МЗ.

На Клиниката за инфективни болести во Скопје се примени тројца нови пациенти, а таму моментално се хоспитализирани 42 лица, информираат од МЗ. Од нив, на кислородна поддршка се 20 пациенти, додека тројца се на механичка вентилација.

Во болницата „8-ми Септември“, пак, примени се двајца нови пациенти, додека таму моментално се хоспитализирани 16 лица, од нив, четворица пациенти се на респираторна машина.

Досега во државава се направени 19.096 тестирања на Ковид-19, додека во изминатото деноноќие се направени 275 теста.