МЗ: 20 починати и 515 нови случаи на Ковид-19 во изминатите 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа починале 20 лица, а се регистрирани 515 нови случаи на Ковид-19 при 1293 направени тестирања. Институтот за јавно здравје, пак, регистрира 1194 оздравени пациенти.

Новите случаи се забележани во: Скопје-207, Куманово-33,  Штип-33, Прилеп-25, Тетово-17, Велес-21, Битола-22, Охрид-3, Кавадарци-16, Гостивар-16, Струмица-17, Крива Паланка-8, Радовиш-7, Крушево-1, Кочани-21, Пробиштип-7, Демир Хисар-3, Пехчево-2, Берово-10,  Виница-2, Делчево-11, Кратово-1, Свети Николе-2, Кичево-18, Неготино-12.

,,На Инфективната клиника примен е 1 пациент. Вкупно се хоспитализирани 158 пациенти. На кислородна поддршка се 132 пациенти.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 11 позитивни и 3 деца суспектни на Ковид-19 и 30 возрасни пациенти, позитивни и суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има 6 приеми, а вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респиратор се 5 пациенти.

Во Институтот за ТБЦ се хоспитализирани 54 пациенти, на клиниката за неврологија 18 пациенти, на кожната клиника 12 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 72, а во болницата во Штип се 60 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Кичево, Кавадарци се хоспитализирани 501 позитивни и сомнителни на Ковид-19″, соопштуваат од министерството.

Починати се 20 лица, од кои тројца биле пациенти од Скопје (63, 67 и 75г), двајца од Куманово (85 и 62г), еден пациент од Штип (53г), двајца од Прилеп (38 и 46г), двајца од Тетово (36 и 55г), еден од Битола (79г) и еден од Охрид (74г), двајца пациенти од Гостивар (69 и 58г), четири пациенти од Струмица (70, 63, 48 и 65г), еден од Крива Паланка (67г) и еден пациент од Крушево (54г). Сите пациенти се починати во болнички услови”, информираат од министерството.

Со ова, вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 40275, бројката на оздравени пациенти е 24229, на починати е 1156, а бројот на активни случаи изнесува 14890.

Досега во земјата се направени вкупно 272.892 тестирања на Ковид -19.