МЗ: 20 починати и 392 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во изминатото деноноќие се регистрирани 392 нови случаи на Ковид-19. Оздравени се 339 пациенти, а починале 17 лица.

Новозаболените се регистрирани во: Скопје – 180, Куманово – 32, Кавадарци – 20, Битола – 18, Кочани – 17, Прилеп и Велес – по 16, Кичево – 14, Тетово, Охрид и Штип – по 11, Гевгелија и Крива Паланка – по 7, Кратово – 6, Радовиш и Валандово – по 4, Ресен и Пробиштип – по 3, Гостивар, Струмица, Делчево и Виница – по 2, Неготино, Дебар, Берово и Демир Капија – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа починале 17 лица: 8 починати лица од Скопје (98г, 82г, 79г, 79г, 79г, 74г, 69г и 69г), 2 починати лица од Кочани (89г и 82г) и по едно починато лице од  Гостивар (80г), Тетово (46г), Велес (78г), Радовиш (68г), Штип (66г), Битола (86г) и Валандово (85г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

„Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавени се уште 3 лица, со датум на смрт во период од 12.09.2021 до 22.09.2021 година. Овие починати лица се: 2 од Скопје и едно починато лице од Гостивар. Починатите се на возраст од 67-93 години, од кои само едно лице е починато во болнички услови, додека останатите 2 лица се починати во домашни услови“, информираат од министерството.

Со ова, вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 189.551 бројката на оздравени пациенти е 170.734, на починати е 6.577, а бројот на активни случаи изнесува 12.240.

Во последните 24 часа, пак, се направени 4.633 тестови, додека вкупно досега во земјата се направени вкупно 1.274.003 тестирања на Ковид-19.