МЗ: 19 починати и 415 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие се бележат 19 починати лица, но од пријавните починати, шест пациенти починале во периодот од ноември до декември, минатата година.

Починати се 11 пациенти од Скопје на 69, 75, 80, 65, 66, 61, 67, 72, 76, 71 и 68 години, двајца од Тетово на 79 и 65 години и по еден пациент од Куманово на 50 години, еден од Прилеп на 78 годидни, еден од Велес на 77 години, еден од Охрид на 87 години, еден од Кичево на 51 година и еден од Гевгелија на 69 години. Од пријавните смртни случаи, 18 се починати во болнички услови и еден во домашни услови.

Од МЗ исто така информираат дека во изминатото деноноќие се потврдени 415 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 170 случаи во Скопје, 62 во Прилеп, 32 во Кавадарци, 25 во Велес, 20 во Неготино, 12 во Охрид, 11 во Струмица, десет во Гевгелија и по осум случаи се регистрирани во Куманово, Тетово и Штип.

Потоа, по седум случаи на Ковид-19 се регистрирани во Богданци, шест во Струга, пет во Крива Паланка, по четири во Кратово, Демир Капија, Кочани и Крушево, по три во Гостивар и Кичево, по два во Битола, Делчево и Валандово и по еден случај на Ковид-19 е регистриран во Виница, Дебар и Демир Хисар.

Регистрирани се 244 оздравени пациенти, односно, од Скопје – 110, Кавадарци – 24, Прилеп и Велес – по 17, Куманово – 12, Струмица – 9, Битола – 8, Ресен – 7, Гостивар – 6, Неготино и Берово – по 5, Тетово – 4, Штип – 3, Охрид, Кратово, Демир Капија, Виница, Радовиш и Дојран – по 2 и по 1 од Богданци, Крива Паланка, Кочани, Кичево и Пехчево.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 98.584, бројката на оздравени пациенти е 89.022, на починати е 3.037, а бројот на активни случаи изнесува 6.525“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 497.268 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 2.549 тестови.