МЗ: 17 починати и 524 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство (МЗ) вечерва информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 9 лица. Починале 3 лица од Крива Паланка (67г, 73г, и 81г), 2 лица од Скопје (71г, и 77г) и по едно лице од Битола (75г), Кочани (78г), Пробиштип (66г), и Тетово (67г).

„Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени 8 починати лица со датум на смрт од 24.10.2021 до 13.11.2021. Регистрирани се починати лица од Скопје (2), Велес(2), Гевгелија (1), Крива Паланка(1), Кочани (1) и Тетово (1). Починатите лица се на возраст од 66-94г, од кои 5 лица се починати во домашни услови, а 3 лица се починати во болнички услови“, стои во соопштението на МЗ.

Во последните 24 часа потврдени се 524 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 215 случаи во Скопје, Битола – 44, Кавадарци – 27, Куманово и Крива Паланка – по 24, Прилеп, Велес и Кочани – по 21, Берово – 15, Делчево – 14, Тетово – 13, Гевгелија – 10, Неготино – 9 и 8 случаи во Кратово.

Потоа, регистрирани се по 6 случаи на Ковид-19 во Штип и Демир Хисар, Охрид, Радовиш, Виница и Валандово – по 5, Кичево, Ресен и Богданци – по 4, Гостивар и Струга – по 3, Струмица и Пехчево – по 2 и по 1 случај на Ковид-19 во Свети Николе, Демир Капија, Македонска Каменица и Дојран.

Регистрирани сe 565 оздравени пациенти, односно од Скопје – 245, Прилеп – 43, Битола – 34, Куманово – 32, Кавадараци – 28, Тетово – 26, Штип – 22, Велес – 19, Гевгелија – 16, Кочани – 15, Крива Паланка – 11, Струмица – 8, Гостивар и Пробиштип – по 7, Охрид, Кичево и Ресен – по 6, Дојран – 5, Берово, Делчево и Виница – по 4, Неготино, Струга и Свети Николе – по 3, Кратово и Радовиш – по 2 и по 1 од Валандово, Богданци, Пехчево и Македонски Брод.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 209.971, бројот на оздравени пациенти е 194.346, на починати е 7.354, а бројот на активни случаи изнесува 8.271“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 1.433.550 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 3.126 тестови.