МЗ: 16 оздравени пациенти, 19 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство (МЗ) информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти од коронавирусот. 7 се во Скопје, по 3 во Тетово и Неготино и по 1 во Куманово и Велес.

„Во ГОБ ‘8 септември’ почина пациентка од Скопје (65 години) примена на 11 мај, пациент од Скопје (71), хоспитализиран на 16 мај и пациент од Тетово (73) во болница од 11 мај. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Прилеп (41) кој повеќе од 40 дена се лекувал на клиниката“, велат од министерството.

Во изминатите 24 часа направени се 512 тестирања, а регистрирани се 19 нови случаи на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.858, бројката на оздравени пациенти е 1367, на починати е 110, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 381.

„Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 223 теста се во рамките на скринингот во градинки и нема позитивни.  Од досега направените 1.131 тестирања на вработените во градинките потврден е само еден позитивен случај на Ковид-19 во Битола“, соопштува министерството.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни во изминативе 24 часа примени се 5 нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 46 пациенти. На кислородна поддршка се 20, на механичка вентилација се 2 пациенти.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 27 нови, а вкупно хоспитализирани 25 пациенти. На респиратор се 2, a со потешка клиничка слика се уште 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 8, на домашно лекување се следат уште 3 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 6 пациенти, нема пациенти кои се следат на домашно лекување. На ифективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Охрид и Прилеп се хоспитализирани 49 пациенти, позитивни и сомнителни на Ковид-19.