МЗ: 155 новозаразени, двајца починати и 127 оздравени од Ковид-19 во изминатите 24 часа

Министерството за здравсто (МЗ) денеска информираше дека се потврдени 155 нови случаи на Ковид-19, односно, регистриран е 51 случај во Скопје, 22 во Гостивар, 14 во Кавадарци, 13 во Штип, 11 во Куманово, десет во Тетово, шест во Охрид, пет во Македонски Брод, по четири во Прилеп и Демир Хисар, три во Кичево и Струга, по два во Дебар, Виница и Неготино, и по еден случај е регистриран во Битола, Гевгелија и Пробиштип.

Од МЗ информираат дека починале две лица, односно, пациент од Скопје на 80 години и пациент од Штип на 74 години.

Институтот за јавно здравје регистрирал 127 оздравени пациенти, односно, 40 од Скопје, 22 од Штип, 17 од Куманово, 12 од Свети Николе, десет од Радовиш, шест од Прилеп, по пет од Гостивар и Пробиштип, три од Македонски Брод, по два од Велес и Битола и по еден од Крушево, Демир Хисар и Кратово.

„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11554, бројката на оздравени пациенти е 7607, на починати е 519, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3428“, информираат од МЗ.

На Инфективната клиника во изминатите 24 часа примени се тројца пациенти, а вкупно се хоспитализирани 80 пациенти. Од нив, на кислородна поддршка се 42 пациенти, а нема на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 17 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19 и шест деца позитивни на вирусот, а три пациенти суспектни на вирусот.

„Во ГОБ „8 Септември“ примени се 9 нови, вкупно хоспитализирани се 76 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 28, а во болницата во Штип се хоспитализирани 43 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 115 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 111.791 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 1.845 теста.