МЗ: 152 новозаразени и 70 оздравени од Ковид-19 во последните 24 часа

Министерството за здравство (МЗ) информира дека се потврдени 152 нови случаи на Ковид-19, односно, регистрирани се 39 нови случаи во Скопје, 20 во Куманово, 15 во Гостивар, 14 во Штип, 13 во Струга, 9 во Тетово, 8 во Дебар, а по пет новозаболени има во Кавадарци и Битола.

4 нови случаи се регистрирани во Струмица, а по 3 новозаболени има во Гевгелија, Охрид и Делчево. Демир Хисар, Македонски Брод и Кичево бележат по 2 новозаболени, а по еден нов случај има во Прилеп, Радовиш, Кочани, Кратово и Свети Николе.

Во последните 24 часа се направени 1077 тестирања.

Во последното деноноќие нема регистрирано смртни случаи. Денес Институтот за јавно здравје регистрира 70 оздравени пациенти.

 Досега во земјата се направени вкупно 95169 тестирања на Ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10086, бројката на оздравени пациенти е 5427, на починати е 460, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4199.