МЗ: 15 починати, 173 новозаразени и 150 оздравени од Ковид-19 во последните 24 часа

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во последните 24 часа од Ковид-19 починале 15 лица, односно, осум од Скопје, по двајца пациенти од Тетово, Струга и Гостивар и еден пациент од Охрид. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починале три лица, на возраст од 64,73 и 80 години.

„Во ГОБ „8 септември“ починати се 9 лица, двајца пациенти на возраст од 54 години, останатите на возраст од 60, 61, 75, 45, 74, 57 и 65 години. Две лица од Скопје и Гостивар се починати дома на возраст од 65 односно 82 години. Во болница во Струга е почината пациентка на 67 години“, информираат од МЗ.

Во последните 24 часа потврдени се 173 нови случаи со Ковид-19, односно, регистрирани се 75 случаи во Скопје, 14 во Струга, десет во Охрид, по девет во Куманово и Тетово, осум во Штип, седум во Гостивар, по шест во Дебар, Прилеп и Свети Николе, четири во Кочани, по три во Велес, Кавадарци, Кичево и Ресен, два во Гевгелија и по еден случај во Струмица, Крушево, Пробиштип, Берово и Валандово.

Институтот за јавно здравје регистрирал 150 оздравени пациенти, односно, 105 од Скопје, 12 од Тетово, десет од Струга, седум од Штип, пет од Кочани, четири од Охрид, два од Неготино и по еден од Куманово, Велес, Гостивар, Струмица и Пробиштип.

„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6625, бројката на оздравени пациенти е 2748, на починати е 321, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3556. Од вчерашните тестирања два се контролни“, информираат од МЗ.

На Инфективната клиника во Скопје во изминатите 24 часа се примени шест пациенти,а вкупно се хоспитализирани 90 пациенти. Од нив, на кислородна поддршка се 44 пациенти, а нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле, пак, хоспитализирани 26 возрасни пациенти и шест деца позитивни на Ковид-19.

„Во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, вкупно хоспитализирани се 123 пациенти. На респираторна машина се  8 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 39, а во болницата во Штип се хоспитализирани 36 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 87 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19“, информираат од МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 63.383 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 1.653 теста