МЗ: 145 новозаразени, двајца починати и 216 оздравени од Ковид-19 во изминатото деноноќие

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во последните 24 часа се потврдени 145 нови случаи на Ковид-19, односно, регистрирани се 32 случаи во Скопје, 15 во Куманово, 12 во Гостивар, девет во Тетово, по осум во Штип, Прилеп и Делчево, шест во Кичево, по пет во Дебар, Струмица и Пехчево, по четири во Струга, Битола, Охрид и Свети Николе, три во Кочани, по два во Велес, Кавадарци, Крива Паланка, Пробиштип и Виница и по еден случај е регистриран во Гевгелија, Берово и Неготино.

Институтот за јавно здравје регистрирал 216 оздравени пациент, односно, 55 од Скопје, 39 од Гостивар, 31 од Куманово, 14 од Тетово, по десет од Штип, Струга и Кичево, шест од Кавадарци, по четири од Дебар, Прилеп, Кочани, Демир Хисар и Свети Николе, по три од Виница и Берово, по два од Велес, Македонски Брод и Берово и по еден оздравен од Гевгелија, Струмица, Крива Паланка и Пробиштип.

Од МЗ соопштуваат дека во болнички услови починале двајца пациенти, односно пациент од Дебар на 67 години и пациент од Струга на 48 години.

„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14600, бројката на оздравени пациенти е 11741, на починати е 606, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2253“, информираат од МЗ.

На Инфективната клиника во Скопје во изминатите 24 часа примени се шест пациенти, а вкупно се хоспитализирани 77 пациенти. Од нив, на кислородна поддршка се 45, а нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, четири позитивни деца, три мајки и четири деца суспектни на вирусот.

„Во ГОБ „8 Септември“ примени се 4 нови, вкупно хоспитализирани се 29 пациенти. На респираторна машина е 1 пациент.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 11, а во болницата во Штип се хоспитализирани 50 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 110 , позитивни и сомнителни на ковид-19“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 151.706 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 1.772 теста.