МЗ: 141 новозаразен, 175 оздравени и две лица починати од Ковид-19 во изминатите 24 часа

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека е потврден 141 нов случај на Ковид-19, односно, регистрирани се 48 случаи во Скопје, 21 во Куманово, 15 во Штип, девет во Кавадарци, по седум во Битола и Виница, пет во Кичево, по четири во Гостивар, Струмица, Кочани и Македонски Брод, три во Свети Николе, по два во Дебар и Пробиштип, и по еден случај е регистриран во Прилеп, Струга, Гевгелија, Демир Хисар, Берово и Неготино.

Од МЗ информираа дека од Ковид-19 починале две лица, односно, пациент од Скопје на 88 години во болнички услови и пациентка од Кичево на 80-годишна возраст вонболнички услови.

Институтот за јавно здравје регистрирал 175 оздравени пациенти, односно, 56 од Штип, 37 од Скопје, 27 од Куманово, 14 од Гостивар, 11 од Свети Николе, седум од Кичево, по пет од Гевгелија и Тетово, четири од Кавадарци, три од Прилеп, два од Радовиш и по еден од Битола, Демир Хисар, Македонски Брод и Ресен.

„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12357, бројката на оздравени пациенти е 8662, на починати е 532, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3163. Денес се евидентира еден контролен тест“, стои во соопштението на МЗ.

На Инфективната клиника во Скопје во изминатите 24 часа се примени осум пациенти, а вкупно се хоспитализирани 76 пациенти. Од нив, на кислородна поддршка се 27 пациенти, а нема на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 16 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19 и пет деца позитивни на вирусот.

„Во ГОБ „8 Септември“ примени се 11 нови, вкупно хоспитализирани се 69 пациенти. На респираторна машина се 6 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 23, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 133 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19“, информираат од МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 120.950 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 1.848 теста.