Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во последните 24 часа се потврдени 139 нови случаи на Ковид-19, односно, регистрирани се 30 случаи во Скопје, 20 во Куманово, 19 во Гостивар, 15 во Штип, по осум во Струга и Кавадарци, по шест во Тетово и Свети Николе, пет во Кочани, четири во Кичево, по три во Охрид и Македонски Брод, по два во Дебар, Битола, Струмица и Демир Хисар, и по еден случај е регистриран во Прилеп, Гевгелија, Берово и Делчево.
Институтот за јавно здравје регистрирал 239 оздравени пациенти, односно, 132 од Скопје, 23 од Свети Николе, 22 од Куманово, 14 од Штип, осум од Дебар, седум од Битола, по шест од Тетово и Кичево, по четири од Прилеп и Демир Хисар, по три од Кавадарци, Кочани и Делчево, два од Гостивар, и по еден од Велес и Неготино.
Од МЗ информираат дека во болнички услови починал пациент од Охрид на 66-годишна возраст.
„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12217, бројката на оздравени пациенти е 8487, на починати е 530, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3200. Денес се евидентираат пет контролни теста“, информираат од МЗ.
На Инфективната клиника во Скопје во изминатите 24 часа се примени девет пациенти, а вкупно се хоспитализирани 76 пациенти. Од нив, на кислородна поддршка се 27 пациенти, а нема на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 15 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, четири деца позитивни на вирусот и шест пациенти суспектни на вирусот.
„Во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, вкупно хоспитализирани се 73 пациенти. На респираторна машина се 6 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 36, а во болницата во Штип се хоспитализирани 49 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 137 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19“, информираат од МЗ.
Досега во земјава се направени вкупно 119.102 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 1.627 теста.