МЗ: 12 починати и 349 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се регистрирани 349 нови случаи на Ковид-19 при направени 2.754 тестирања.

Новите случаи се забележани во: Скопје – 166, Куманово – 23, Штип – 22, Прилеп – 18, Битола – 17, Кочани – 16, Кавадарци – 13, Тетово – 11, Велес и Охрид – по 10, Свети Николе – 9, Неготино – 8, Берово и Пробиштип – по 4, Гевгелија и Демир Хисар – по 3, Струмица, Кичево, Крива Паланка и Делчево – по 2, Гостивар, Струга, Ресен и Виница – по 1.

Оздравени се 208 пациенти, а во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица: 3 починати лица од Скопје (51г, 64г и 85г), по 2 починати лица од Штип (64г и 75г) и Свети Николе (66г и 82г) и по едно починато лице од Куманово (43г), Битола (60г), Радовиш (75г), Струмица (68г) и Дојран (62г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови, информираат од министерството.

Со ова, вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 202.552, бројот на оздравени пациенти е 188.540, на починати е 7.132, а бројот на активни случаи изнесува 6.880.

Досега во земјата се направени вкупно 1.385.429 тестирања на Ковид-19.