Министерството за здравство (МЗ) попладнево информираше дека во последните 24 часа, од Ковид-19 починале 12 лица, односно тројца пациенти од Скопје на 52, 73 и 85 години, еден од Куманово на 59 години, двајца пациенти од Прилеп на 78 и 75 години, двајца пациенти од Велес на 61 и 62 години, двајца од Гостивар на 43 и 76 години, еден од Струмица на 66 години и еден пациент од Свети Николе на 69 години.
Денеска е забележан и рекорден број на позитивни на Ковид-19, односно 641 нов случај. Регистриран се 325 случаи во Скопје, 38 во Прилеп, 26 во Куманово, по 25 во Штип, Тетово и Кавадарци, 24 во Струмица, 20 во Гевгелија, 18 во Кичево, 14 во Битола, 11 во Гостивар, по десет во Велес, Охрид и Кочани, девет во Крива Паланка и осум во Ресен.
Потоа, седум новозаразени има во Неготино, по пет има во Струга и Радовиш, по три во Пробиштип, Берово, Валандово, Виница, Кратово и Свети Николе, по два во Демир Хисар, Пехчево и Делчево и по еден случај е регистриран во Дебар и Крушево.
Институтот за јавно здравје регистрирал 233 оздравени пациенти, односно, 89 од Скопје, 25 од Кочани, 18 од Струмица, 15 од Тетово, 14 од Битола, 13 од Прилеп, 11 од Штип, осум од Радовиш, шест од Куманово, по четири од Кавадарци и Крива Паланка, по три од Струга, Велес и Пробиштип, по два од Дебар, Гевгелија, Берово, Валандово, Виница, Свети Николе и Кичево и по еден од Гостивар, Делчево и Неготино.
„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 24836, бројката на оздравени пациенти е 17905, на починати е 862, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 6069. Од вчера се евидентира еден контролен тест“, информираат од МЗ.
На Инфективната клиника во Скопје во изминатите 24 часа примени се 20 пациенти, а вкупно се хоспитализирани 108 пациенти. Од нив, на кислородна поддршка се 80 пациенти, а нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се три деца и четири мајки позитивни на Ковид-19 и едно дете и две мајки суспектни на вирусот.
„Во ГОБ „8 Септември“ има 6 приеми, а вкупно хоспитализирани се 47 пациенти. На респиратор се 5 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 52, а во болницата во Штип се 50 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани и Кавадарци се хоспитализирани 214, позитивни и сомнителни на Ковид-19“, стои во соопштението на МЗ.
Досега во земјава се направени вкупно 226.612 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 2.688 теста.