МЗ: 115 новозаразени, 368 оздравени и еден починат од Ковид-19 во изминатите 24 часа

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека се потврдени нови 115 случаи на Ковид-19, односно, регистрирани се 34 случаи во Скопје, 15 во Прилеп, 14 во Штип, 13 во Струга, десет во Куманово, по четири во Битола и Охрид, по три во Тетово и Виница, по два случаи се регистрирани во Гостивар, Пробиштип, Берово и Свети Николе и по еден во Крива Паланка, Радовиш, Крушево, Кочани, Македонски Брод, Пехчево и Делчево.

Институтот за јавно здравје регистрирал 368 оздравени пациент, односно, 74 од Куманово, 64 од Скопје, 48 од Тетово, 36 од Гостивар, 30 од Штип, 28 од Дебар20 од Кавадарци, 12 од Кичево, по девет од Свети Николе и Струга, по шест од Битола и Крива Палнка, пет од Прилеп, по четири од Струмица и Кочани, по три од Охрид и Македонски Брод, два од Демир Хисар и по еден од Гевгелија, Радовиш, Пробиштип, Кратово и Неготино.

Од МЗ соопштуваат дека во болнички услови починал пациент од Гостивар на 76 години.

„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14455, бројката на оздравени пациенти е 11525, на починати е 604, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2326. Денеска се евидентира еден контролен тест од вчера“, информираат од МЗ.

На Инфективната клиника во Скопје, во изминатите 24 часа примени се пет пациенти, а вкупно се хоспитализирани 74 пациенти. Од нив, на кислородна поддршка се 46, а нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 14 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, пет позитивни деца, три мајки и четири деца суспектни на вирусот.

„Во ГОБ „8 Септември“ примени се 4 нови, вкупно хоспитализирани се 24 пациенти. На респираторна машина се 2 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 57 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 115 , позитивни и сомнителни на ковид-19“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 149.934 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 1.665 теста.