МЗ: 11 починати и 843 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 11 лица, односно, пет пациенти од Скопје на 77, 73, 39, 63 и 63 години, двајца од Кавадарци на 77 и 71 година, двајца од Неготино на 77 и 63 години и по еден од Куманово на 75 години и еден од Кочани на 72 години.

Од МЗ исто така информираа дека во последните 24 часа се потврдени 843 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 360 случаи во Скопје, 66 во Прилеп, 54 во Неготино, 51 во Куманово, 44 во Кавадарци, 33 во Струмица, 30 во Велес, 26 во Тетово, 25 во Охрид, 22 во Гевгелија, 20 во Крива Паланка, 18 во Гостивар и 16 се регистрирани в о Кочани.

Потоа, 12 случаи на Ковид-19 се регистрирани во Штип, 11 во Богданци, девет во Битола, осум во Крушево, по шест во Кичево и Пробиштип, пет во Струга, по четири во Ресен и Демир Капија, по три во Валандово и Демир Хисар, по два во Свети Николе, Берово и Кратово и еден случај е регистриран во Македонски Брод.

Регистрирани се 333 оздравени пациенти, односно, од Скопје – 115, Кавадарци – 64, Неготино – 26, Прилеп – 25, Тетово – 18, Куманово – 15, Велес и Гевгелија – по 10, Штип и Струмица по – 9, Гостивар, Битола, Дебар и Берово – по 4, Кочани и Крушево – по 3, Кичево и Кратово по – 2, Охрид, Ресен, Делчево, Валандово, Богданци и по 1 од Демир Капија.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 106.110, бројката на оздравени пациенти е 94.275, на починати е 3.176, а бројот на активни случаи изнесува 8.659“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 537.024 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 3.519 тестови.