МЗ: 11 починати и 316 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство (МЗ) попладнево информираше дека од Ковид-19 во изминатото деноноќие починале 11 лица, односно, четири пациенти од Скопје на 76, 81, 79 и 62 години, по двајца од Прилеп на 77 и 66 години и од Крушево на 55 и 76 години и по еден од Штип на 65 години, еден од Битола на 85 години и еден од Охрид на 59 години.

Од МЗ исто така информираа дека во последните 24 часа се потврдени 316 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 164 случаи во Скопје, 34 во Прилеп, 16 во Куманово, по 13 во Кавадарци и Неготино, 12 во Тетово, десет во Гостивар, девет во Охрид, осум во Велес, седум во Гевгелија, шест во Штип, по пет во Струмица, Струга и Кочани, по два во Виница и Богданци и по еден случај на Ковид-19 е регистриран во Кичево, Свети Николе, Крива Паланка, Делчево и Радовиш.

Регистрирани се 681 оздравени пациенти, односно, од Скопје – 271, Кавадарци – 85, Прилеп – 42, Охрид – 31, Неготино – 28, Тетово – 24, Куманово – 23, Велес – 22, Струмица – 18, Делчево – 17, Гевгелија – 14, Штип – 13, Валандово – 12, Крива Паланка – 11, Струга, Гостивар и Битола – по 10, Богданци – 7, Кичево – 5, Крушево и Свети Николе – по 4, Радовиш и Кратово – по 3, Дебар, Берово и Кочани – по 2, Ресен, Виница и по 1 од Демир Капија и Македонски Брод.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 107.479, бројката на оздравени пациенти е 95.410, на починати е 3.206, а бројот на активни случаи изнесува 8.863“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 544.816 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 1.562 тестови.