МЗ: 10 починати и 477 новозаразени со Ковид-19 во изминатото деноноќие

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале десет лица, односно, тројца од Скопје на 63, 47 и 83 години, еден од Прилеп на 77 години, еден од Тетово на 50 години, еден од Струмица на 88 години, еден од Битола на 61 година, еден од Гостивар на 80 години, еден од Гевгелија на 60 години и еден пациент од Пробиштип на 66 години.

Од МЗ информираа дека во последните 24 часа се потврдени 477 нови случаи на Ковид-19, односно, регистриран е 221 случај во Скопје, 27 во Куманово, 24 во Прилеп, по 20 во Кавадарци и Струмица, 18 во Гостивар, 17 во Охрид, 15 во Битола, 13 во Штип, 12 во Тетово, десет во Ресен и осум случаи на Ковид-19 се регистрирани во Делчево.

Потоа, по седум случаи на Ковид-19 се регистрирани во Велес, Берово и Кичево, по шест во Крива Паланка и Радовиш, по пет во Гевгелија и Крушево, по четири во Кочани и Виница, по три во Струга, Пробиштип, Пехчево и Свети Николе, по два во Македонски Брод, Валандово, Кратово и Неготино и еден случај на Ковид-19 е регистриран во Дебар.

Институтот за јавно здравје регистрирал 331 оздравен пациент, односно, од Скопје-126, Куманово-23, Дебар-8, Штип-1, Прилеп-21, Тетово-14, Струга-18, Велес-9, Битола-15, Охрид-21, Кавадарци-16, Гостивар-3, Гевгелија-4, Струмица-7, Крива Паланка-14, Радовиш-3, Крушево-2, Кочани-5, Пробиштип-1, Валандово-2, Виница-2, Кратово-2, Свети Николе-1, Кичево-1, Ресен-3 и од Неготино-9.

„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 87590, бројката на оздравени пациенти е 68695, на починати е 2657, а бројот на активни случаи изнесува 16238. Од вчера се евидентираат четири контролни теста“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 423.696 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 2.543 тестови.