„My tear“ го објавија спотот за песната „Последниот Дедо Мраз“ со Петар Младеновски

Составот „My Tear“ на Дени Крстев, Васко Атанасоски, Мартин Митевски и Кристијан Лафазановски, го објавија видео-спотот за синглот „Последниот Дедо Мраз“ правен во соработка со Петар Младеновски од „Суперхикс“.

Видеото е снимано, режирано и монтирано од Горјан Атанасов.

Песната е предвесник за албумот на „My tear“ кој излегува на 8 март за издавачот „Балкан Велики“.