МВР: За изминатото деноноќие санкционирани 32 возачи со телефон и 22 без појас

Во текот на изминатиoт ден (11.12.), на подрачјето Скопје се санкционирани тројца возачи кои поминале крстосница на црвено светло, двајца не дале првенство на минување на пешаци, тројца неправилно престигнувале, тројца не поседувале зимска опрема во возилата, 22 не користеле сигурносен појас и 32 користеле мобилен телефон додека го управувале возилото, информира СВР Скопје.

Понатаму, во текот на изминатиот ден издадени се 73 мандатни платни налози, додека исто така 66 возила се подигнати со „пајак“.

Исто така, се случиле 16 сообраќајни незгоди од кои две со тешки телесни повреди, пет со телесни повреди и девет со материјална штета.

„При сообраќајните незгоди две лица се здобиле со тешки телесни повреди и девет со лесни телесни повреди. 17 возачи се санкционирани бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената. Исто така исклучени се и 12 возачи бидејќи шест го управувале возилото пред да се стекнат со право за управување на моторно возило, четворица биле возачи почетници и двајца го управувале возилото под дејство на алкохол. Пет возила се исклучени од сообраќај бидејќи осум биле нерегистрирани“, информира СВР Скопје.