МВР санкционираше организатори и учесници во диви трки во Скопје

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден во периодот од 14 часот до полноќ спровело акциска контрола на скопското подрачје, за да открие и санкционира возачи кои организираат и учествуваат во диви трки.

Според МВР, полициските службеници привремено задржаале 35 мотоцикли, поради сомнение за техничка неисправност и издувни уреди кои создаваат бучава поголема од  дозволената.

„По однос на останати прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила кон возачи, преземени се вкупно 39 мерки за сторени сообраќајни прекршоци од страна на мотоциклистите“, велат од МВР.

За констатираните прекршоци издадени се 15 мандатни платни налози и 24 прекршочни платни налози.