МВР покрена 5 постапки за говор на омраза по тешката сообраќајна несреќа

Покренати се пет постапки за говор на омраза по тешката сообраќајка на автопатот Скопје – Тетово, информираат од МВР.

Поднесени се пет пријави за говор на омраза до јавните обвинителства во Скопје, Струмица и Куманово и се работи на откривање на други профили на социјалните мрежи од кои се шират говори на омраза, соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во интервју за „1ТВ“.

„Тоа е чувство на човечки пораз, лично, чувствувам дека како луѓе не можеме да се издигнеме пред се, дека сакаме да се почитуваме меѓу себе, туку напротив, можеби политичките, верските и националните поделби ги ставаме пред човечкиот живот што е нешто најсвето. Таков говор на омраза апсолутно ме прави понижен и поразен кога доаѓа дури од универзитетски професор“, изјави Спасовски во интервјуто.

Во автобуската несреќа на автопатот Скопје-Тетово, кај село Ласкарци, загинаа 14 лица, а 37 лица се повредени.