МВР: Идентификувани уште четири учесници во настаните во Собранието

Министерството за внатрешни работи информира дека СВР Скопје и Основното јавно обвинителство вчера повикале на службен разговор повеќе лица за кои постојат сомневања дека биле инволвирани во настаните во Собранието на 27 април.

Оттаму велат дека откриен е идентитетот на уште четворица учесници во насилниот упад на Собранието, кој резултираше со повредени граѓани, полициски службеници, пратеници и новинари.

Како што е наведено во соопштението на министерството, за сторено кривично дело „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“ се сомничат лицата Д.Т. (42), Ѓ.М. (52) и Т.О. (52) сите од Скопје, додека основа за сомнение дека сторил кривично дело „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“, се сомничи лицето Н.П. (39) од Скопје.

За нив, СВР Скопје до Основно јавно обвинителство Скопје ќе поднесено посебно Известување, информира МВР.