МВР го истражува случајот за момчето што предизвика пожар и се пофали на „Тик Ток“

Министерството за внатрешни работи соопшти дека го истражува случајот во кој момче преку популарната социјална мрежа „Тик Ток“ објави видеа како намерно пали грмушки и предизвикува пожар.

Од МВР велат дека во моментов работат на утврдување на точниот идентитет на снимката и на учесниците во неа, како и за понатамошно расчистување на настанот.

„Нa 04.08.2020 до Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР на Република Северна Македонија, преку сервисот „Црвено копче“ пристигната е пријава за лице кое на сервисот за споделување на видеа ТИК ТОК се снима додека врши палење на јавни површини.  Пријавата е доставена до СВР Скопје, како надлежна организациона единица која постапува по сторени кривични дела од таа област“, стои во дневниот билтен на МВР.

На видеата се гледа како момчето првично потпалува грмушки, по што предизвикува пожар на неколку места на ридот.