Музика „заробена“ во кристали – инсталација на јапонски уметник

Звуци „заробени“ во кристали - инсталација на јапонски уметник

Јапонскиот уметник Tokujin Yoshioka е фасциниран од формите на природата. Следејќи ја оваа фасцинација, тој претстави несекојдневна инсталација, што ја нарекува „слика“. Голем стаклен сад со хемикалија која се кристализира, шест месеци е изложен на музика од балетот „Лебедово езеро“ на Пјотр Илич Чајковски. Звукот се материјализира во кристалите со карактеристична форма во садот, слој по слој. Кога кристалите се изложени на различна музика, тие растат во различни форми.

Yoshioka го користи неодамна истраженото дејство на звучните фреквенции и тонските вибрации врз кристалите на одредени хемикалии, за да создаде уникатно и неповторливо уметничко дело, со помош на природата.

Звуци „заробени“ во кристали - инсталација на јапонски уметник„Верувам дека дизајнот не е нешто што се комплетира низ давање форма, туку нешто што е завршено од човечкото срце. Исто така, мислам дека следењето на движењата и принципите на природата ќе биде многу важно во идните дизајни“, вели Yoshioka.