Музика во Планетариум: Cocteau Twins

Оваа среда (22 јуни), Планетариумот на Младинскиот културен центар ќе вибрира со ангелскиот глас на Елизабет и музиката на Cocteau Twins.

За планетариумска проекција е задолжен Даниел Анастасов, а настанот започнува во 21 часот.

„Музиката на Cocteau Twins е толку прекрасно нејасна, предизвикува чувства и создава состојби кои се толку универзални, што те тера да помислиш:Ова е за мене“, се вели во најавата на социјалните мрежи.

Поради ограничениот простор, билетите се во строго ограничен број и достапни на билетарата на МКЦ.