Музичкото дело „Четири сезони” на Вивадли доби верзија прилагодена на климатските промени

,,Четири сезони”, едно од најпознатите класични дела на Антонио Вивалди доби нова преработка, овој пат прилагодена на климатските промени.

Безвременската музичка прослава на годишните времиња – од звукот на птиците што ја најавуваат пролетта до крцкавиот мраз на реките и каналите во зима. Во светот на Вивалди од 18 век имало сè во една сезона.

Но, сега климатските промени ги пореметија ритмовите, па иновативниот проект наречен „[Неизвесните] Четири сезони“ се обиде да ја „ажурира“ работата на Вивалди, така што ги вметнува најновите податоци за климатските предвидувања преку промена и нарушување на музиката.

„Четирите сезони” на Вивалди е слика во музика и ние се обидуваме да поставиме леќа на сликата за да можете да видите како би изгледал светот низ очите на Вивалди во време на климатските промени“, вели композиторот од Мелбурн, Хју Кроствајт.

Луѓето ќе можат да се доближат и да го доживеат светот што го создаде Вивалди, но прилагоден на светот во кој се очекува да го живеат или да им го остават на идните генерации ако не се преземе акција против климатските промени.

Улогата на Кроствајт беше да ја преземе музиката генерирана од компјутер и ја направи погодна за изведба од Симфонискиот оркестар на Сиднеј.

Но, проектот е прилагоден на тој начин што различни симфониски оркестри во светот имаат своја верзија, според состојбата на нивната држава со климатските промени.

Во новото дело се вметнати податоци за биодиверзитетот и загубата на видови. Тоа значи дека во одредени делови се чини дека недостасуваат ноти, или пак се слушаат помалку птици.

Музичкиот проект првично беше изведен на фестивал во Сиднеј на 12-13 јануари.