Музичките сервиси стануваат водечки извор на приходи во музичката индустрија

Музиката веќе се сели на платформите за стриминг, а според заработката овој нов начин на дистрибуција е на врвот на скалата на приходи во музичката индустрија. Со ова популарното преземање музика преку нејзино „симнување“ од интернет и продажба на дискови, се најдоа подоле на листата на приходи.

Податоците за музичката индустрија на Американската Асоцијација (RIAA) покажуваат дека се работи за се попопуларен тренд кој благодарение на услугите како Spotify, Pandora Music и Apple лани ги зголемија приходите во музичката индустрија за 29 отсто, или на 2.41 милијарди долари, што изнесува 34,3 отсто вкупните приходи на музичката индустрија.

Во исто време, за прв пат приходите од стриминг преминуваат две милијарди американски долари, објави Фајненшал тајмс. Со ова се става крај на децениската превласт на дигиталното симнување музика, кое во последните неколку години има пад на популарноста. Приходите од симнување музика во 2015 година се намалиле за 10 проценти, на 2.3 милијарди долари или 34 отсто од вкупните приходи на музичката индустрија. Пад има и кај продажбата на носачи на звук од 10 отсто. Продажбата на компакт дискови падна за 17 проценти, но состојбата во оваа категорија ја подобрува се поголемиот интерес за продажбата на винил плочи.

„Музичката индустрија 70 отсто од своите приходи ги генерира од страна на различните дигитални платформи. Учеството на дигитални формати тука ја надминува секоја друга креативна индустрија”, изјави Кери Шерман, извршен директор на RIAA.

Во согласност со промените на пазарот, платформите кои нудат стримање музика со претплата станаа најголемиот и најбрзо растечки сегмент во индустријата. Минатата година понудата беше освежена со новите и подобрени платформи како Apple Musica и Tidea. Бројот на претплатници за стрим лани скокна за 40 отсто, на 10,8 милиони корисници, објави RIAA. Spotify, иако некои го нарекуваат “убиецот на музичката индустрија”, исто така, се етаблира како еден од водечките стриминг компании, чиј број претплатници забележа раст на рекордни 30 милиони луѓе кои се подготвени да платат за музиката што ја сакаат. Истовремено, Apple привлече 10 милиони претплатници,само шест месеци од отворањето на својата музичка платформа.

Извор:Poslovni