Музичките фестивали забрануваат носење индијански перјаници

Се повеќе музички фестивали го забрануваат носењето на индијанските перјаници. Ваква забрана прво беше донесена за посетителите на монтреалскиот фестивал „ IleSoniq“, кој на официјалната ФБ страна објави јасен став за потребата од почитување на другите култури.

Проблемот беше ставен во фокусот на јавноста по објавувањето на промотивното видео на Дејвид Гета, за неговите идни настапи. Видеото од многумина беше оценето како расистичко и осудено за непочитување кон староседелците во Америка и кон нивната култура.

Фестивалите Heavy Montreal и Osheaga исто така најавија забрана за носење на перјаниците. Според ова, коментираат светските медиуми, се чини дека организаторите на фестивали се повеќе почнуваат да се фокусираа на детали, меѓу кои и културолошката осетливост на малцинствата.