Музичкиот настан „Боб Марли – One Love“ по 13 пат на „Школка“

Во петок (15 мај), по 13 пат на Школката во Градски парк ќе се одржи настанот „Боб Марли – One Love“, чија цел е да ја доближи реге музиката до македонската публика и да ја пренесе пораката на познатиот музичар „One love, one hart, a world without borders“.

Помеѓу изведувачите кои ќе настапат во петок на Школка се бендовите Канон, Велвет, Коноп со Амон Мра. Најавени се и бројни диџеј сетови:

МУЗИЧКИОТ НАСТАН „БОБ МАРЛИ – ONE LOVE“ ПО 13 ПАТ НА „ШКОЛКА“

„Поминаа многу години позади нас, оваа е 13-та година.Од 2003-та, кога беше одржан за првпат, овој настан расте и со својата големина и со својата важност, собирајќи секоја година неколку илјади посетители, вклучувајќи голем број музичари и диџеи кои преку нивната уметност ја пренесуваат универзалната порака на мирот. Доближувајќи ја РЕГЕ МУЗИКАТА и пораката на БОБ МАРЛИ- ONE LOVE, ONE HEART, A WORLD WITHOUT BORDERS до сите луѓе, овој настан е нешто што се памети засекогаш… Сите ние како поединци треба да придонесеме за овој настан, да продолжи да се развива и да прерасне во уште поголем на сечие задоволство“, велат организаторите на настанот.

Организаторите аплеираат до сите посетители покрај дружбата и убавите работи, да не заборават сите да си го соберат ѓубрето зад себе.