Музички „Патувања“ вечерва со македонската филхармонија

Со концертот насловен „Патувања“, Македонската филхармонија ја отвора годинешната концертна сезона.

Музички „Патувања“ вечерва со македонската филхармонија

Концертот почнува вечерва (16 јануари) во 20 часот, на сцената на МОБ и под диригентската палка на маестро Борјан Цанев. Ќе се свират делата на композиторот Феликс Менделсон.

Како солистка на вечерта е најавена македонската пијанистка Ирина Наумовска. Таа ќе настапи со „Концерт за пијано и оркестар бр. 1“, а на концертот ќе се изведат и увертирата „Хебрибриди“ и „Симфонијата бр.4“, попозната како „Италијанската симфонија“.

Наумовска се образувала на Факултетот за музички уметности во Белград, во класата на професорот Јокут Михаиловиќ, а имала настапи во Америка, Азија, Африка и во повеќе земји во Европа.