Музејот на современа уметност во Бања Лука може да се посети и виртуелно

Љубителите на уметноста отсега имаат можност виртуелно да се прошетаат во Музејот на современа уметност во Бања Лука, да ги погледнат актуелните поставки, како и интересните изложби во овој објект.

„Тродимензионалната виртуелна прошетка во Музејот директно се врзува со Google Maps и опцијата Street View, па со тоа се овозможува поголема прегледност на оваа институција. Воедно, одговара на сите желби на публиката која постојано бара нови предизвици, а технологијата доаѓа во пресрет. Оваа нова прегледност ја овозможи °360 Photography, во соработка со Plush Global Media. Виртуелната прошетка во Музејот наскоро ќе биде достапна и на нашата веб-страница“, вели кустосот на Музејот Младен Бањац.

Тој истакна дека Музејот е првата културна институција во државата што се промовира на овој начин, односно се ориентира кон новата технологија и дигитализацијата.

Новиот проект на Музејот на современа уметност доби позитивни критики кај публиката, иако се уште е во почетна фаза.