Музеј во Амстердам забрани фотоапарати за посетители, побара од нив да цртаат

Националниот музеј „Ријксмузеум“ во Амстердам доби нова идеја како да привлече повеќе посетители. Тие не смеат повеќе да фотографираат, но затоа можат да го нацртаат она што најмногу им се допаднало во музејот.

„Во денешно време со мобилните телефони и медиумите, посетите на музеи прерасна во пасивно и површно искуство“, пишува на веб-страницата на музејот.

„Лесно им се одзема вниманието на посетителите и не можат целосно да ја искусат убавината, магијата и чудото. Затоа Ријксмузеум сака да им помогне на посетителите да ја откријат и ценат убавината на уметноста и историјата преку цртање“.

Посетителот не мора да биде талентиран. Како што велат од музејот, целта не е во резултатот, туку луѓето да гледаат во она што им се допаѓа, со цел да ги забележат работите што претходно не ги забележале.

Во продолжение, погледнете го видео од настанот: