„Музеј на танцот“, танцова инсталација за деца во Кино Култура

Во Кино Култутра до 20 мај ќе биде поставена танцовата инсталација „Музејот на танцот“, настан кој треба да обезбеди стимулативно интерактивно искуство кај децата, преку кое тие ќе се запознаат со современиот танц.

Инсталацијата ке биде поставена во неколку термини, со посетите кои траат по 40 минути. Поради просторната и концептуалната поставеност на инсталацијата бројот на децата кои ќе учествуваат во еден циклус е ограничен. „Музеј на танцот” е конципиран како просторна инсталација во која секој од четирит сегменти овозможува различни и специфични начини за стимулирање на перцепцијата и предлага несекојдневна средба на децата со танцот.

Инсталацијата е инспирирана од историјата на танцот и кореографијата. Таа е наменетa за деца на возраст од 3 до 7 години, а автори се Викторија Илиоска, Климент Попоски и Елена Ристеска. Изведувачи пак во текот на посетите се Бобан Кулески и Сабрина Железник

Реализацијата на дел од танцовата инсталација „Музеј на танцот“ преку Номад танц академија е поддржана од град Скопје. Повеќе информации за инсталацијата и обезбедување на термин може да се најдат на настанот на ФБ за музејот на танцот.