„Музеј на непобарани уметности“ за родово-базираното насилство и вознемирување во Art Hub

Денеска (30 јуни) од 18 часот ќе биде отворена изложбата насловена “The museum I didn’t ask for” во Аrt Hub, кој се наоѓа во ГТЦ-Скопје, 2-ри кат, до зелениот кров.

Изложбата е приказна за родово-базираното насилство и вознемирување која исто така на сатиричен и хумористичен начин го исмејува сексистичкото однесување преку штетни фрази кои често се употребуваат во општеството.

„Музејот на непобарани уметности потсетува дека никој не бара насилство и сите сме одговорни да помогнеме кон спречување на истото. Нурнете се во приказните на оние кои го споделуваат своето искуство и се ослободуваат од товарот оставајќи ги зад себе предметите и асоцијациите кои ги потсетуваат на насилството а на кои вие сте сведок во оваа галерија“, најавуваат организаторите.

Оваа активност е дел од “Radical idea: EquALLity” спроведувана од Linking, Engagement, Advocacy and Development – LEAD стипендистката Сашка Стефановска, финансиски поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество.

Изложбата ќе биде отворена за посетители до 10-ти јули, секој работен ден од 10-20 часот во галеријата. Влезот е бесплатен.