Мурал на Бенкси за „Брегзит“ уништен во Англија

Мурал на уличниот уметник Бенкси е уништен откако зградата на која е нацртан е разрушена, соопшти градскиот совет на Довер, Англија. На муралот бил претставен градежен работник кој отстранува ѕвезда од 12 ѕвезди на знамето на Европската Унија. Бенкси го нацртал муралот по одлуката Велика Британија да ја напушти Европската Унија преку референдумот „Брегзит“.

Муралот придонел до развој на туризмот во градот Довер, инаку крајбрежен град во Англија. Се смета дека вредноста на муралот е 1.6 милиони евра.

Градскиот совет на Довер истакнал дека зградата на кој што е нацртан муралот станала трошна и опасна по јавната безбедност, а била дел од повеќе градби за кои советот смета дека оддаваат погрешен впечаток за градот.

Оттаму истакнале дека зградата е срушена и спаѓа во поголем градски проект за реновација, за кој е издвоен буџет од 28 милиони евра.

Од Градскиот совет дополниле дека муралот не можел да биде конзервиран без трошење на значителна сума од финансиите на даночните исплати на жителите. Во 2019 година, муралот бил варосан.

Од градските власти на Довер изјавиле дека е најмена фирма за „скенирање и презервација“ на муралот за подоцна да биде „одново создаден дигитално или одновно нацртан“  во иднината. Сепак, и покрај обидите делото да се реставрира, скорешното рушење на зградата става крај на делото од значајна културна важност.