МУРАЛ 2019 распишува конкурс за цртање на јавен простор

Фестивалот на урбана култура МУРАЛ 2019 распишува конкурс за цртање на јавен простор.

Фестивалот ќе се одржи во сабота, 21 септември во Кинотека на Македонија, а темата на настанот ќе биде „кинематографија“.

Организаторите велат дека можат да учествуваат сите кои се занимаваат со ликовна уметност, средношколци, студенти, професионални сликари.

Заинтересираните, своите пријави, со куса биографија, неколку претходно изработени дела и предлог скици, цртежи од филмски постери или сцени (максимум две) можат да ги испратат на muralurbanartfestival@gmail.com или во инбокс на нивната фејсбук страница најдоцна до 11 септември.