Mumford & Sons ќе паузираат подолго време

Англискиот фолк-рок бенд Mumford & Sons ја заврши турнејата изминатиот петок, а според информациите од групата, тоа ќе биде нивниот последен настап во подолго време.

Mumford & Sons ќе паузираат подолго време

„Нема да има никакви активности на Mumford & Sons во догледна иднина“, изјави клавијатуристот на групата Ben Lovett во интервју за Rolling Stone.

Оваа најава доаѓа по период на голема активност на бендот. Нивното последно издание, „Babel“ ја доби наградата „Греми“ за најдобар албум во февруари, а бендот го помина поголемиот дел од годината на турнеја. Одморот на „Mumford & Sons“ веројатно е и под влијание на болеста на басистот Ted Dwane, кој беше хоспитализиран во јуни, со тромб во мозокот.

Еве дел од еден од последните концерти на Mumford & Sons, во Канзас сити: