Мултиуметнички перформанс „МАРДАМ“ на Школка во Градски парк

Утре (20 септември) на „Школка“ во Градскиот парк во Скопје од 19 часот ќе се одржи мултиуметничкиот перформанс „МАРДАМ“.

На перформансот ќе настапи пијанистот Арда Мустафаоглу, придружуван од квартетот „Strength“, кој ќе се претстави со класични дела на Шопен, Прокофјев, Ерик Сати, Фазил Сај… кои ќе бидат инспирација за ликовниот уметник Мирослав Масин да создава уметнички дела во кои публиката ќе може непосредно да ужива.

Организаторите посочуваат дека „МАРДАМ“ е скромен обид градскиот парк во Скопје да прерасне во место каде класичната музика и ликовната уметност непосредно ќе бидат достапни на посетителите.