Мултимедијалниот уметник од Словенија Марко Батиста во МКЦ

Овој петок во Младинскиот културен центар, во рамките на фестивалот на нови медиуми Intermedia Day, ќе имаме прилика да го гледаме „Monotube“ – аудиовизуелниот перформанс на Марко Батиста од Словенија.

Мултимедијалниот уметник од Словенија Марко Батиста во МКЦ

Еве како организаторите го опишуваат словенечкиот уметник:

Станува збор за едно од најактивните имиња во областа на мултимедијалната уметност во Европа.
37-годишниот Батиста, иако по вокација ликовен уметник, има длабоко навлезено во областа на електрониката и роботиката. Овој иновативен креативец изработува уреди и машини, кои потоа ги користи како инструменти за производство и манипулација на звучни и видео сигнали во живо. Резултатите на овој приод се уникатни аудиовизуелни перформанси, кои никого не оставаат рамнодушен.

;

Во Скопје Батиста ќе се претстави со еден таков перформанс во траење од половина час – се работи за делото „Monotube“, кое својата светска премиера ја доживеа минатиот месец на познатиот фестивал за визуелна уметност „Лумина“ во Португалија. И во овој проект Батиста продолжува да ја бруси својата специјалност, а тоа е употреба на врвна технологија во служба на креирање современа уметност.

Изведбата на „Monotube“ ќе може да се проследи бесплатно во рамките на фестивалот на нови медиуми Intermedia Day, овој петок во МКЦ, со почеток од 21 часот.

Гостувањето на Марко Батиста се реализира со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија и амбасадата на Република Словенија во Скопје. Иницијатор е Скопје Вавилон – нова форма на активизам, која веќе две години обединува креативни умови и стимулира активности за одржување и унапредување на културниот живот на Скопје