Мултимедијална промоција на книгата „Црни дупки во нас“

Во киното Фросина, на 13 мај (среда) во 20 часот, авторката Марта Маркоска ќе ја промовира својата најнова поетска книга „Црни дупки во нас“.

По нејзиниот мултимедијален перформанс по повод претставувањето на претходно наградената книга „Стрмоглаво кон височините“ (2012), таа овојпат најавува голема сценска, мултимедијална презентација на поезијата од книгата „Црни дупки во нас“, која ја доби наградата „Бели мугри“ за 2014 година.

Книгата „Црни дупки во нас“ е составена од циклусите: „Животот е циклус (циркус)“, „Катахрезис на духот“, „Применети знаења“, „Плоштини на љубовта“, „Холограм на среќата“ и „Црни дупки во нас“.